ПОВЕЌЕ

    Не е сеедно кој ги управува вашите средства

    Време зa читање: 2 минути

    Своите средства доверете им ги на најдобрите!

    Тековните движења на пазарот на капитал се многу волатилни како резултат на епидемијата од новиот коронавирус. Инвеститорите често реагираат премногу брзо и емотивно на ваквите брзи промени, што може да ги натера да донесат погрешна стратегија и одлука.

    Токму во ваквите услови на пазарите на капитал е исклучително важно да се избере вистинскиот и сигурен партнер при донесувањето одлуки за штедење. Во обид да помогнеме да се намали епидемијата што е можно повеќе, започнавме да ги спроведуваме сите превентивни мерки во нашето општество и воведовме работа од дома.

    Нашиот менаџерски тим ја извршува својата работа непречено и обезбедува правилно управување со средствата на фондовите. По препораките и Одлуката на Владата на РСМ, како и препораките на Комисија за заразни болести во поддршка на мерките за превенција и заштита од актуелниот COVID-19 коронавирус апелираме да ги минимизирате посетите на нашите канцеларии. Генерали Инвестментс како модерна финансиска групација веќе има можности за извршување на сите услуги со помош на електронска комуникација и како и на телефонските линии.

    Сите известувања како и дневните податоци можете да ги следите на нашата интернет страница. Можете исто така да не следите преку социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

    Исто така, финансиски советници ви се достапни во секое време. Ве советуваме да ги искористите предностите на финансиските советодавни услуги преку телефон или електронски пораки.

    За вас подготвивме нови содржини на нашата интернет страна кои вклучуваат 7 правила за правилно инвестирање кои секогаш се покажуваат клучни, особено во сегашната ситуација. Не е сеедно кој стои на ваша страна за време на волатилни пазари. Искористете ги разговорите со нашите финансиски советници како и кампањата за ослободување од влезни провизии за сите нови или постоечки инвеститори за еднократни и програмирани уплати која важи до 31.03.2020.

    Инвестирајте без влезни провизии.

    Само до 31.03.2020.*

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично