Хартиите од вредност издадени од две банки и десет компании, вкупно 1.317, се забележани во минатонеделните нетрговски трансфери. Меѓу нив има и три приоритетни акции.
Податоците од Централниот депозитар за хартии од вредност, што редовно ги објавува Македонска берза, покажуваат дека во три наврати е врше пренос на сопственоста кај акции на Комерцијална банка. Понеделник 45, четврток 63 и во петокот 30 обични акции.
На двапати се трансферирани акции на две компании. На Алкалоид во средата и во петокот, прво 305, потоа уште 30. А, обичните акции на Окта – 30, па 33, биле процесуирани во последните два дена од изминатата работна недела.
Ако се гледа според бројност, веднаш зад акциите на фармацевтската компанија се подарените, наследени… 300 акции од Макпетрол.
Следуваат 144 акции на Жито Лукс и 136 на Макстил.
Во овој процес се регистрирани и 97 акции на прилепскиот Тутунски комбинат, 58 на БИМ АД Свети Николе и 20 на Гранит АД Скопје. Исто така и 11 обични акции на Уготур и 10 на Пелистерка.
Трите подарени приоритетни акции се од Стопанска банка Скопје. Во статистиката на нетрговските трансфери се и две обични акции на Лотарија на Македонија.