ПОВЕЌЕ

    Незапаметени поскапувања досега во маркетите!

    Време зa читање: 2 минути

    Почитувани следачи на Ценометар.мк

    Сакаме да Ве известиме дека табелата со цени е ажурирана со 19/10/2022 и истата можете да ја пронајдете ТУКА!

    Екипата на Ценометар.мк на терен ги забележа следните, досега најголеми поскапувања во одредени маркети на следните производи:

    • Краставицата поскапела за 39 денари!
    • Кромидот поскапел за 8 денари во просек!
    • Печурки свежи поскапеле за 33 денари!
    • Јајца 10/1 – поскапеле за 18 денари!
    • Млеко 3.2% масленост поскапело за 12 денари!
    • Путерот за 100 грама поскапел во просек за 23 денари!
    • Ајдамерот поскапел за 124 денари во просек!
    • Гаудата поскапела до 135 денари!
    • Мелено месо – поскапо за 60 денари!
    • Свинска кременадла – во некои маркети поскапа за 90 денари!
    • Свинска кртина – поскапа за 30 денари!
    • Говедска кртина поскапела до 134 денари!
    • Пиле свежо – поскапело во просек за 34 денари!
    • Пилешки стек замрзнат – страшен скок од 125 денари во поединечни маркети!
    • Замрзнат батак – поскап за 84 денари!
    • Чајна за 45 денари поскапа!
    • Туна – 8 денари за 100 грама – поскапа!
    • Нескафе лименка од 200г – 50 денари поскапо!

    Овие поскапувања се однесуваат за периодот од месец Август до сега, значи околу 2 месеци!

    Досега нашиот сервис, немаше забележано поскапувања со овој интензитет – никогаш досега, велат од ценометар.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично