ПОВЕЌЕ

    На стартот на ЕУРО 2020, Комерцијална банка ги изненади идните фудбалски ѕвезди

    Време зa читање: 2 минути
    Уште само два дена не делат од првиот историски натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство ЕУРО 2020. Првиот настап на нашата држава на едно европско првенство никого не остава рамнодушен и возбудата доживува кулминација.

     

    Избраниците на селекторот Ангеловски кои го постигнаа значајниот успех, се гордоста на државата и идолите на младите генерации фудбалери. Тие ја отворија новата страница од историјата на македонскиот фудбал, во која веројатно ќе се запишат уште многу идни фудбалски ѕвезди.

    Комерцијална банка, како потврден пријател на македонскиот спорт, мисли и на младите фудбалери во земјава и на денот на почетокот на ЕУРО 2020 им приреди вистинско изненадување. Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Банката, затоа што знаеме дека нивната најголема радост е топката.

    Подароците ги наменивме за младите фудбалери на ФК Форца и ФК Беса Сарај од Скопје, ФК Куманово Еуроспорт, ФК Борец јуниор од Велес и ФК Гостивар. Меѓу нив се наоѓаат новите фудбалски имиња од Македонија и затоа тие ја заслужуваат нашата поддршка. Со оваа донација Комерцијална банка ги потсети со целото срце да навиваат за македонската репрезентација и да останат посветени и истрајни во желбата да станат фудбалски ѕвезди.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично