Месецот на штедењето беше повод за бројни едукативни активности на „Финансиската училница“ на Комерцијална банка, која со својата Верверичка им пренесе вредно знаење на над 250 деца.
Пет експозитури на Банката беа посетени од ученици од основни училишта и од деца од градинки, а со учениците од 4-то одделение во ООУ „Коле Неделковски“ во Скопје имавме интересни часови на кои учевме за парите и штедењето и нивното значење за личните финансии на секој човек.
„Верверичката“ и вработените на Комерцијална банка им пренесоа на децата многу мудри совети и корисни техники за одговорен однос кон парите и за штедењето. Учевме за значењето на парите, за нивно одговорно трошење и за потребата од штедење како навика права за иднина здрава.
Со нашата „Финансиска училница“ се трудиме децата да стекнат финансиска писменост затоа што таа е основата на личната финансиска благосостојба на секој човек, особено кога се развива од мали нозе. Затоа придонесуваме за создавање образовани и одговорни млади луѓе.