Еден ден во училиште средношколци од Скопје заменија со работа во Комерцијална банка за да учат банкарско работење. На свое и на задоволство на Банката, вработените во Комерцијална банка на учениците им споделија знаење и можност преку практично искуство да се запознаат со секојдневното банкарско работење и да комуницираат со клиенти.
Со ова Комерцијална банка придонесе успешно да се реализира и вториот настан „Social Day“ во земјава, ден кога младите луѓе заменуваат еден ден на училиште со работа во компанија која тие ја бираат и за што заработуваат дневница, која потоа ја донираат за формирање младински фонд за поддршка на младински проекти. Организатор на настанот е Здружението на граѓани „Младите можат“.
Знаењето, одговорноста, можностите се суштински вредности кои ги негува и се составен дел од работењето на Комерцијална банка, што беше и главна причина за поддршка на настанот „Social Day“, кој реализира проекти создадени од и за младите.
Од Комерцијална банка веруваат дека иако нивниот придонес е мал, сепак е многу значаен за поттикнување на младите да станат вредни и успешни граѓани.