Ние сме мала економија и оваа сериозна состојба мора да се следи внимателно. Тимот на Министерството за финансии е спремно и за најлошото сценарио. Ова е специфичен удар со непознат хоризонт. Буџетот во моментот е стабилен, тоа ќе се смени многу брзо, посочи на денешната прес-конференција во владата, министерката за финансии, Нина Ангеловска.
Буџетот може да одговори на кризата. Потребно е да бидеме реални, свесни, секој еден да сфати дека со своите негативни постапки наштетува на другите. Потребна е солидарност и адаптибилност. Бројни компании се реорганизираат, се адаптираат. Некои компании, угостителите имаат достава на храна, некои ќе затворат. Некои ќе растат во време на коронавирус. Голем број мерки кои беа изработени изминатиот период беа презентирани. Сите мерки се пред се во насока за заштита на ликвидноста и заштита на работните места со бескаматни кредити. Мерка која не беше споменета е ослободување на аконтации од данокот на добивка, односно за април, мај и јуни. Зборуваме за угостителство, туризам и транспорт. На овие компании ќе им биде дозволено да не ги плаќаат аконтациите во следните 3 месеци, ако не исплаќање дивидена, бонуси или награди. Една ваква мерка која е кредитирање на државата е во насока на заштита на ликвидноста. Министерството ќе ја намали казнената камата за јавни давачки. Ова се навидум мали симболични давачки, но сепак го отсликуваат олеснувањето на Владата. Ова е интервентиот сет на мерки на краток рок, ќе дојде период на опоравување но не може да се каже кога точно. Некои синџири во секторите ќе се реструктуираат, неки нови начини ќе воведат компаниите, непредлидливоста е голема и во ова сме сите заедно. Има ИТ компании кои можат да ги стават на располагање своите услуги, па и хотели и оваа е таа солидарност за која зборуваме. Во тешки моменти се познаваат хероите, ги повикувам оние кои имаат раст на добивките да и помогнат на државата и граѓаните со авансно плаќање. Јас се откажувам од мојата плата. Ако сите правиме мали чекори водиме кон големи промени – рече министерката Ангеловска.