Обединетите нации, поттикнати од зголемениот интерес на меѓународната заедница за чист воздух, го имаат прогласено 7 септември за Меѓународен ден на чист воздух за сино небо. Овој ден е потсетник за тоа дека чистиот воздух не е луксуз, туку основно човеково право и предуслов за здрав живот и има за цел да ги охрабри сите (надлежните, организациите и граѓаните), да вложат дополнителни напори кон намалување на загадувањето.
Како и климатските промени, така и загадениот воздух влијае на скоро секој човек, предизвикувајќи бројни здравствени проблеми и болести, но и огромна штета на екосистемите. Статистиките покажуваат дека дури 99% од луѓето дишат загаден воздух и милиони деца и возрасни се погодени од долгогодишните ефекти на загадувањето. Во 2021 година имало дури 8,1 милиони предвремени смртни случаи глобално кои се поврзуваат со овој проблем, а милиони деца и возрасни се погодени од долгогодишните ефекти на загадувањето.
Значајна регионална иницијатива во однос на ова прашање е Директивот за квалитет на амбиентален воздух на ЕУ кој е заснован на Насоките на СЗО и важи за половина од европските земји. Влегува во сила во декември 2024 година и се очекува да донесе значителни подобрувања во здравјето и животната средина до 2030 година.
Темата за 2025 година, “Трка за чист воздух” (Racing for Air), ја нагласува потребата да се забрзаат сите активности, инвестиции и колективни напори за обезбедување чист воздух за сите нас и ја става акцијата во центарот водејќи се според тоа дека чистиот воздух не чека и не нè чека.
Доволна е и мала промена во нашите секојдневни навики, за да придонесеме кон намалување на загадувањето на воздухот. Активности кои би можеле да ги практикуваме се:
- Пешачење, користење на велосипеди или јавен превоз;
- Учествуво во акции за засадување дрва;
- Учество или поддршка на образовни кампањи и манифестации како што се: школски настани, семинари, игри, креативни активности или настани кои промовираат чист воздух и одржливост.
Трката за чист воздух е трка која што можеме, но и мораме да ја водиме и да ја добиеме. Тоа ќе го постигнеме само со меѓусебна сплотеност, организираност и брза реакција и ќе можеме да градиме иднина со чисто сино небо, здрава заедница и стабилна, одржлива планета.
Сава пензиско друштво ги инкорпорира вредностите на чиста средина во самата мисија и визија на компанијата, преку своето работење креирајќи активна улога во целта што е одржливост и чиста животна околина. Сава пензиско друштво е еден од пионерите во инкорпорирањето на ESG практиките во инвестициското одлучување, при што еден од сегментите се критериумите за животната средина(Е- Environmental). https://nikogassami.mk/interesno/esg-praktiki-vo-investiciskoto-odluchuva-e-na-sava-penzisko-drushtvo-a-d-skop-e/
Сава Осигурителна Групација ја става грижата за светските цели на одржливост во сржта на Групацијата, со особен фокус на климатските промени, здравјето и благосостојабата на своите клиенти, вработените и пошироката заедница. Групацијата придава особено значење на овие критериуми при процесот на инвестирање, при што Инвестициската политика за одржливост преставува рамка со која се интегрираат ризиците на одржливост, базирајќи се на ESG концептите.
https://www.sava-re.si/en-si/sustainability
Некои од директните акции во кои Сава пензиско друштво учествува како активен чинител во митигирање и третирање на негативните појави на аерозагадувањето се кампањата “Засади желба” заедно со останатите учесници во пензискиот систем, како и преку иницијативата “Вие Ажурирате, Ние Донираме”, со обезбедување на донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје.
https://www.sava-penzisko.mk/mk-mk/press-releases/177780
State of Global Air Report 2024 | State of Global Air
International Day of Clean Air for blue skies
INTERNATIONAL DAY OF CLEAN AIR FOR BLUE SKIES — INTERNATIONAL DAYS
Извор: Блог портал: НикогашСами