ПОВЕЌЕ

    Маја Аврамоска и Александар Најдевски најдобри банкарски службеници на УНИБанка АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Традиционално, по повод Светскиот ден на штедењето, на 29-ти октомври, Македонската банкарска асоцијација во соработка со Фондот за осигурување на депозити, Министерството за финансии и НБРСМ, одржа свечена седница на која се доделија признанија на 33 најдобри банкарски службеници избрани од банките и штедилниците, членки на Асоцијацијата.

    Оваа година УНИБанка АД Скопје признанието за успешно работење и професионални достигнувања им го додели на Маја Аврамоска – референт на фронт во експозитура Кичево и Александар Најдевски – референт на на благајна во експозитура Ѓорче Петров.

    Честитки и многу успех во понатамошното работење!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично