ПОВЕЌЕ

    Марија Чичаковска и Нагип Тахири од Развојна банка на Македонија ја добија наградата за најдобри банкарски службеници во 2023

    Време зa читање: 2 минути

    По повод светскиот ден на штедење 31. октомври, од страна на Македонската банкарска асоцијација, беа доделени признанија за постигнати особени резултати во работата на службениците номинирани од банките, штедилниците, Клириншката куќа КИБС и Македонското кредитно биро.

    Марија Чичаковска и Нагип Тахири се двајцата службеници од Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје кои ја добија наградата за најдобри банкарски службеници во 2023 година.

    Марија Чичаковска работи во секторот за финансии, сметководство, платен промет и ликвидност како самостоен референт за платен промет во земјата и странство. Во изминатите 25 години се истакна со својата посветеност и професионалност во извршувањето на работните задачи и даде свој придонес во работењето на банката.

    Нагип Тахири работи во секторот за управување со ризици како самостоен референт за управување со ризици веќе десет години, и особено се истакнува по својата одговорност во работењето, колегијалност како и желбата за постојано усовршување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично