Традиционално, по повод Светскиот ден на штедењето, 31 октомври, Македонската банкарска асоцијација на свечен настан ги додели признанијата на најдобрите шалтерски работници за 2021 година.
Оваа година од Стопанска банка АД – Скопје признание за најдобри шалтерски работници за 2021 година им беа доделени на:
- Маргарита Србиновска, советник за СБ ексклузив клиенти во филијала Струга, Западен Регион
- Елена Атанасова, раководител на служба за продажба во филијала Битола Веро, Централен Регион
- Мери Секуловска, раководител на служба за продажба во филијала Маџари, Регион Скопје