Макошпед АД Скопје за периодот Jануари – Септември 2022 година оствари добивка од 196.406 илјади денари искажана во неревидираниот Биланс на успех и добивка во износ од 196.624 илјади денари искажана во неревидираниот консолидиран Биланс на успех.
Друштвото во овој период нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките на финансиските извештаи.
Остварените вкупни приходи за период Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 247.924 илјади денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување.
Оперативните приходи изнесуваат 242.895 илјади денари и бележат зголемување во однос на оперативните приходи за истиот период 2021 година, што се должи пред се на растот на останати оперативни приходи кои се резултат на продажба на недвижен имот преку реализација на одлука донесена на Собрание на акционери во 2021 година.
Финансиските приходи изнесуваат 5.029 илјади денари додека во 2021 година друштвото има остварено 5.066 илјади денари.
Вкупните расходи за период Јануари – Септември 2022 година во износ од 51.518 илјади денари бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.
Оперативните расходи во периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 51.347 илјади денари и бележат зголемување од 5% во однос на истиот период 2021 година.
Финансиските расходи изнесуваат 171 илјади денари и бележат намалување од 12% во однос на финансиските расходи за истиот период 2021 година.
Остварените консолидирани вкупни приходи за период Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 258.117 илјади денари и во споредба со остварените консолидирани вкупни приходи за истиот период 2021 година бележат зголемување.
Консолидираните оперативни приходи за период Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 253.088 илјади денари и бележат зголемување во споредба со остварените оперативни приходи за истиот период 2021 година, што се должи пред се на продажба на недвижен имот.
Консолидираните финансиски приходи изнесуваат 5.029 илјади денари додека во 2021 година друштвото остварило 5.066 илјади денари финансиски приходи.
Консолидираните расходи за период Јануари – Септември 2022 година се во износ од 61.493 илјади денари и бележат зголемување во однос на вкупните расходи за истиот период 2021 година.
Консолидираните оперативни расходи во периодот Јануари – Септември 2022 година изнесуваат 61.322 илјади денари и бележат зголемување во однос на истиот период 2021 година.
Консолидираните финансиски расходи изнесуваат 171 илјади денари и бележат намалување во однос на финансиските расходи за истиот период 2021 година.