Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.01 – 31.01.2020 година вкупниот промет изнесувал 581.920.924 денари.
Класичното тргување изнесувало 498.623.924 денари и е зголемено во однос на декември за 4,75 отсто кога изнесувало 476.014.452 денари.
Блок трансакциите за јануари изнесувале 83.297.000 денари и се намалени за 69,42 отсто во однос на декември.
Бројот на трансакции во јануари изнесувале 1.812 и се зголемени за 2,49 отсто во однос на декември кога изнесувале 1.768.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за јануари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи НЛБ Банка АД Скопје и третото место го зазема Алкалоид АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за јануари 2020 година можете да го погледнете тука.