Според податоците кои ги објави Македонска берза за периодот 01.08 – 31.08.2021 година вкупниот промет изнесувал 2.800.255.297 денари и е зголемен за 162,43 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 696.376.220 денари и е зголемено во однос на јули за 44,08 отсто кога изнесувало 483.320.024 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 472.571.156 денари и обврзници во вредност од 223.805.0649 денари.
Блок трансакциите во август изнесувале 2.097.481.077 денари и се зголемени за 259,34 отсто во однос на јули.
Бројот на трансакции во август изнесувал 2.038 и е зголемен за 54,39 отсто во однос на јули кога изнесувал 1.320.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за август се на Комерцијална банка АД Скопје, следи Макпетрол АД Скопје и третото место го зазема НЛБ Банка АД Скопје.
Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Стопанска Банка Скопје со 27.847 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 1.302,78 денари.
Месечниот статистички билтен за август 2021 година можете да го погледнете тука.