Македонија веќе зачекори во сферата на двоцифрена инфлација, а за двоцифрен пораст на потрошувачките цени известија и од многу други земји низ светот.
Македонија во април ималa инфлација од 10,5 проценти во однос на истиот месец лани, додека во Словенија априлската инфлација е „само“ 6,9 проценти.
За другите земји во регионот, не се објавени податоците за инфлацијата во април, односно последните податоци се однесуваат за март. Во Србија, мартовската годиша инфлација била 9,1 проценти, во Црна Гора изнесувала 9,7 проценти, а во Федерација Босна и Херцеговина трошоците за живот во март 2021 година во однос на март 2020 година се зголемиле за 11 проценти.
Во Франција пак, во април потрошувачките цени се зголемиле за 4,8%, по +4,5% во март.
Во САД, инфлацијата забави во април по седум месеци немилосрдни добивки, што е пробен знак дека зголемувањата на цените можеби го достигнуваат врвот додека сè уште наметнуваат финансиски оптоварувања на американските домаќинства.
Потрошувачките цени скокнаа за 8,3% минатиот месец во однос на 12 месеци порано, објави во средата Министерството за труд. Тоа беше под растот од 8,5% од годишно ниво во март, што беше највисоко од 1981 година. На месечно ниво, цените се зголемија за 0,3% од март до април, што е најмал пораст во последните осум месеци.