
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска рече дека за тој месец пресметка за плата е доставена за 63.948 вработени, но од нив овие 6.888 воопшто не земале плата. За тие за кои ќе се увиди дека не исплатувале и претходните месеци и има оправдана причина ќе се достават опомени но и блокирања, за останатите ќе има толеранција само поради неусвоениот пакет мерки во кој е предвидена и субвенција за исплата на платите за месеците февруари и март.
„Доставени се опомени, телефонски се контактираат, за тоа како може да се изменаџираат. Толеренцијата ќе зависи од моментот кога ќе се донесат економските мерки. Онаму каде се утврдени злоупотреби и каде сме утврдиле дека не исплаќале плати ќе има санкции, рече Лукаревска.