ПОВЕЌЕ

    Лотарија на Македонија лани работела со намалена добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Во период 01.01.2021-31.12.2021 година ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА АД Скопје оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидираниот Биланс на успех во износ 6.472 илјади денари, што претставува намалување за 3,00% споредбено со 2020 година, информираат од компанијата преку Македонска берза.

    Кај оперативната добивка во износ од 7.061 илјади денари споредбено со минатат година има намалување од 8,00%, велат од компанијата.

    Во 2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи споредбено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

    Остварените вкупни приходи за период 01.01.2021-31.12.2021 година, во висина од  26.197 илјади денари,  се намалени за 7,84% споредбено со остварените приходи во 2020 година. Во структурата на вкупните приходи најголемо учество од 98,79% имаат оперативните приходи, кои за овој период се намалени за 9,00.%  во однос на претходната година. Кај финансиските приходи кои се 1,21% од вкупните приходи има зголемување за 130,00%.

    Намалување од 9,36% бележат вкупните расходи, кои за период јануари – декември 2021 година изнесуваат 18.821 илјади денари. Оперативните расходи се намалени за 9,00%, а кај финансиските расходи има пад од 99,00%.

    Немаше исплата на дивиденда во 2021. Со Одлука на собранието на акцонионери, добивката за 2020 година се распореди за покривање на загубите од изминатите години, велат од компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично