ПОВЕЌЕ

    ЛИСТА НА ИЗБРАНИ КОМПАНИИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „НЛБ РАМКА ЗА ПОМОШ“

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ Банка оваа година, по вторпат го спроведува проектот НЛБ Рамка за помош, согласно позитивното искуство од минатата година, а со цел поддршка на микро и малите бизниси од индустриите кои се најзасегнати од Ковид кризатa.

    Преку проектот НЛБ Рамка за помош, НЛБ Банка им овозможува на микро и малите претпријатија поддршка преку бесплатно рекламирање и промовирање на нивните продукти и услуги низ различни медиуми. Исто така за избраните фирми Банката ќе овозможи и одредени поволности и придобивки од областа на електронската трговија како и бесплатна Visa Business картичка.

    Во продолжение на следниот линк со Вас ја споделуваме листата на избрани компании во рамки на проектот „НЛБ Рамка за помош“: https://bit.ly/2TuXE1G

    Сите апликации беа разгледувани од страна на стручна комисија, при што направена е евалуација и селекција и ги избравме оние претпријатија кои ги исполнија условите и критериумите согласно поставените Правила на следниот линк: https://bit.ly/3wq0LGB

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично