ПОВЕЌЕ

    КОЈ ВЛОЖИ 660 ИЛЈАДИ ЕВРА во акциите на Стопанска банка Битола?

    Време зa читање: 2 минути

    За 12.277 обични акции на Стопанска банка Битола платени се повеќе од 658,7 илјади евра. Станува збор за две блок-трансакции за кои информира Македонска берза, со единечна цена за акција од 3.300 денари.

    Првиот блок е вреден 36.554.100 денари или 594,37 илјади евра. Со тоа вложување познат инвеститор стекнал 11.077 акции.

    Не е познато дали се работи за еден или повеќе купувачи, но вториот и воедно помал пакет содржи 1.200 обични акции издадени од битолската Стопанска банка, а неговата цена е 3.960.000 денари, односно 60,8 илјади евра.

    Малата банка од Битола го предизвикува интересот на инвеститорите. Во текот на месецов берзанската статистика и претходно забележала три блок-трансакции, една на 10 и две на 15 октомври, по цени за акција од 4.050, 3.920 и 4.100 денари.

    Инаку, на првиот работен ден од оваа седмица со акциите на СТББТ се тргувало и на официјалниот пазар. Истргувани се 242 акции по цена од 3.251,03 денари, а остварениот промет е во износ од 786.750 денари (12,8 илјади евра). Дневната промена кај вредноста на акцијата е 1,59 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично