ПОВЕЌЕ

    КОЈА МАКЕДОНСКА БАНКА ОСТВАРИ ДОБИВКА ОД 30 МИЛИОНИ ЕВРА за девет месеци во 2022

    Време зa читање: 8 минути

    Во периодот од 01.01-30.09.2022 година Комерцијална Банка од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.850,8 милион денари наспроти остварениот позитивен финансиски резултат во истиот период минатата година во износ од 1.355,1 милион денари што претставува зголемување за 36,6%. Планираната бруто-добивка за трите квартали од годинава е остварена со 105%. Остварената добивка пред исправка на вредност, која претставува показател за оперативната способност на Банката да ги покрива расходите од работењето, е за 9,2% поголема во однос на минатата година како резултат на зголемувањето на приходите од редовно работење (нето приходи од камати, нето приходи од провизии и нето курсни разлики). Позитивниот резултат од работењето Банката го оствари во услови на сеуште присутни ризици поврзани со пандемијата со ковид-19, зголемена инфлација која поттикна затегнување на монетaрната политика, енергетска криза и воен конфликт помеѓу Русија и Украина, кои имаат изразено неповолни ефекти врз глобалната економија.

    Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.887,7 милиони денари и бележат зголемување од 10,6% во однос на истиот период од минатата година.

    Нето-приходите од камата претставуваат основна компонента во формирањето на вкупните приходи од работењето и на 30.09.2022 година изнесуваат 2.118,9 милиони денари, при што бележат зголемување од 16,4% главно како резултат на зголемено кредитирање кај нефинансиските друштва и домаќинствата, како и по основ на зголемени каматни стапки на благајничките записи и на кредитите пласирани во НБРСМ, зголемени каматни стапки и зголемени пласмани во домашни и странски банки и зголемено вложување во државни хартии од вредност. Планот за анализираниот период е остварен со 109,4%.

    Нето приходите од провизии и надоместоци на 30.09.2022 година изнесуваат 778,9 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 4,4% како резултат на зголемен обем на реализирани активности. Планот за анализираниот период е остварен со 102,9%.

    Нето приходите од курсни разлики на 30.09.2022 година изнесуваат 226,9 милиони денари и бележат зголемување од 69,7%, што во најголем дел е резултат на значително зголемениот промет на девизен пазар со правни лица. Планот за анализираниот период е остварен со 180%.

    Останатите приходи од работењето на Банката на 30.09.2022 година изнесуваат 761,2 милиони денари и бележат минимално зголемување од 0,6% главно како резултат на помал износ на реализирани приходи од капитални вложувања и капитална добивка од продажба на преземен имот, како и помалку остварени наплатените претходно отпишани побарувања. Планот е остварен со 89,4%.

    Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2022 година изнесуваат 1.482,6 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се зголемени за 13%, како резултат на зголемени материјални трошоци поради зголемена цена на електричната енергија, зголемени амортизација и донации во спортот по принцип на ваучери, како и заради зголемени премии за осигурување на депозитите. Планот е остварен со 101%.

    Во периодот од 01.01-30.09.2022 година Банката прокнижи загуба поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа во износ од 7,5 милиони денари .

    Во извештајниот период Банката прокнижи исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 546,8 милиони денари, наспроти 844,5 милиони денари во истиот период минатата година, што претставува намалување за 35,3%. Намалувањето на нето-исправката на вредност на финансиските средства се должи на повисоката споредбена основа во истиот период минатата година, кога Банката издвои поголем износ на резервации за корпоративното портфолио. Банката внимателно ги следи состојбите во домашната економија и тековно се изработуваат проценки за очекуваниот квалитет на кредитното портфолио до крајот на годината и неговото влијание врз финансискиот резултат.

    Биланс на состојба

    Вкупната актива на Банката на 30.09.2022 година достигна износ од 151.569,3 милиони денари и во однос на декември 2021 година бележи зголемување од 2%. Планот е остварен со 99,8%.

    Паричните средства и паричните еквиваленти бележат намалување од 6,2% како резултат на намалени денарски срества поради помалку пласирани депозити во НБРСМ. Наспроти тоа, девизните парични средства се зголемени во извештајниот период, при што управувањето со истите е насочено кон обезбедување попрофитабилни пласмани како резултат на позитивното придвижување на каматните стапки кај депозитите во долари и очекувањата за зголемување на каматните стапки за депозитите во евра. Планот е остварен со 91,4%.

    Средствата за тргување бележат намалување за 16,5%. Планот е исполнет со 83,3%.

    Финансиски средства по објективна вредност преку билансот на успех определени како такви при почетното признавање во износ од 353 милиони денари се состојат од вложувања во удели во инвестициски фондови, при што промената во однос на 31.12.2021 година е резултат на пазарно вреднување на уделите.

    Кредитите на и побарувањата од банки бележат намалување од 33,5% кое главно се должи на намалувањето на пласирани депозити во странски банки со рочност над 3 месеци и нивно пласирање на пократок рок, заради најавите на ЕЦБ за зголемување на каматите на средствата во валута ЕУР. Покрај тоа, во текот на првата половина на годината ликвидносната позиција кај неколку домашни банки беше влошена поради повлекувањето на депозитите на домаќинствата поттикнато од неекономски фактори поврзани со воениот конфликт во Украина, што резултираше со зголемување на состојбата кај одобрените кредити за ликвидност, додека во текот на третиот квартал таа постепено се стабилизира. Планот е исполнет со 65,4%.

    Кредитите на и побарувањата од други комитенти бележат зголемување од 12,7% како резултат на зголемено кредитирање на секторите нефинансиски друштва и домаќинства. Планот е остварен со 110,1%.

    Вложувањата во хартии од вредност се зголемени за 3,7% главно како резултат на запишани државни записи во денари и со валутна клаузула, како и македонски еврообврзници. Планот е остварен со 101,9%.

    Преземените средства врз основа на ненаплатени побарувања се намалени за 5,6% и имаат минимално учество во вкупната актива.

    Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) достигнаа износ од 133.978,7 милиони денари и бележат зголемување од 2,2%. Планот е остварен со 99,9%.

    Обврските по кредити изнесуваат 758,7 милиони денари и се зголемени за 6,3% во однос на декември 2021 година. Планот е остварен со 110,2%.

    Акционерскиот капитал и резервите на Банката со состојба 30.09.2022 година достигнаа износ од 15.266,3 милиони денари и бележат зголемување од 2,9% како резултат на нето-ефектот од зголемување на резервите на Банката согласно Одлука од Собранието на акционери, зголемена задржана добивка и исплата на дивиденда на акционерите на Банката во април. Планот е реализиран со 101,7%.

    Исплатени дивиденди

     На 30.03.2022 година беше одржано годишно собрание на акционери на Банката. Составен дел на материјалите за собранието беа и Одлуката за употреба и распределување на нераспределената добивка до 31.12.2021 и Одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивиденда за 2021 година. Врз основа на наведените одлуки, Банката на 27.04.2022 година изврши исплата на дивидендата за 2021 година на акционерите иматели на обични акции кои се евидентирани во книгата на акции на 14.04.2022 година. Од вкупно пресметаната дивиденда за 2021 година во износ од 1.413.021.540,00 денари, исплатена е дивиденда на правни лица во износ од 757.905.360,00 денари и на физички лица во износ од 655.116.180,00 денари. Износот на дивиденда по една акција е 620,00 денари, односно 62,0% во однос на номиналната вредност на акцијата.

    Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30% од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

     Недвижностите и опремата со состојба на 30.09.2022 година бележат намалување од 2,3% во однос на декември 2021 година, главно како резултат на пресметана амортизација.

    Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемување поголеми од 30%)

    Со состојба на 30.09.2022 година, обврските по кредити бележат зголемување од 6,3% во однос на декември 2021 година, главно како резултат на повисокиот износ на нови повлекувања во однос на износот од редовна отплата на обврските по кредити. Во извештајниот период повлечени се средства од кредитните линии на Европската банка за обнова и развој: GEFF 2 (Програма за финансирање на еколошки економски проекти во Западен Балкан), CSP 2 (Програма за поддршка на конкурентноста на малите и средни претпријатија) и од новата кредитна линија Sustainable Reboot SME Programme (Програма за поддршка на малите и средните претпријатија и поттикнување на нивните бизниси во пост-ковид периодот), како и од линијата од Европската инвестициона банка согласно Договорот со Развојната Банка на Република Северна Македонија за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија (EIB VI за закрепнување од Ковид-19).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично