По Виктор Стојчевски, Ќире Ицев и Живко Мукаетов, оваа година, уште еден Член на Управниот одбор на Алкалоид купи акции.
Станува збор за 300 обични акции издадени од Алкалоид АД Скопје. Нивен купувач е членот на Управниот одбор и директор на производниот сегмент на ПЦ Фармација, Г-ѓа Милкица Глигорова, информира Алкалоид во соопштението објавено на Македонска берза.
Членовите на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје во континуитет вложуваат во акцијата на Алкалоид, и тоа е позитивна корпоративна пракса.
Акциите на Алкалоид АД Скопје котираат на официјалниот пазар на Македонската берза за хартии од вредност од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидни акции на берзата.
Во првиот квартал од 2022 год. (јануари – март 2022 г.), АЛКАЛОИД оствари раст на консолидираните продажби од 11 %, 99 нови вработувања во земјава и со инвестиции во износ од 219 милиони денари