ПОВЕЌЕ

    Косово се двоуми за гасоводот со Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Власта во Скопје смета дека Косово се двоуми дали со Македонија да биде партнер во мега-проектот на гасна централа во Александрополис, Грција. Пред неколку месеци двете земји потпишаа договор за физибилити студија за проектот, но сега официјална Приштина прави пресметки дали ќе ѝ се исплати да добива гас од кај нас. Властите во  тврдат, што и да одлучи Косово – планот немало да пропадне.

    „Тие прават анализа за економската исплатливост од гасификацијата, колку тоа би ги чинело, како таа инвестиција да им се врати и потоа како таа да се врати за добро на граѓаните и индустријата“, рече Крешник Бектеши министер за економија.

    Според вицепремиерот, Фатмир Битиќи, инвестирањето во интер-конекторот за гас од Грција не треба да се доведува во прашање.

    „Градењето на интер-конекторот со Грција, градењето на гасоводната мрежа во државата е претходник на новиот енергенс на новата генерација гасоводната мрежа во државата, но и итер-конекторите ќе бидат претходниците, како водородниот провод, којшто би требало да дојде наредните 30 години“, рече Битиќи.

    Пред неколку месеци земјава потпиша договор за учество во гасната централа Александрополис со учество од 600 милиони евра. Инаку, главната дилема на Косово дали да инвестира во гасот е поради тоа што има огромни резерви на јаглен.

    Иле Петревски

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично