ПОВЕЌЕ

    Конкурс за Годишната награда за млади истражувачи на Народната банка за 2023 година

    Време зa читање: 3 минути

    Народната банка го објави конкурсот за Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството за 2023 година. На овој начин, Народната банка има за цел да ја поттикне научно-истражувачката мисла и да придонесе во областа на макроекономијата и банкарството, како и да ги поддржи младите истражувачи преку можноста да ја презентираат својата работа.

    Право на учество имаат сите државјани на Република Северна Македонија на возраст до 35 години, без вработените во Народната банка и членовите на Советот.

    Tрудот треба задолжително да содржи осврт кон македонската економија на соодветната тема. Не смее да надминува 80.000 знаци со празните места (без фусноти, прилози, графикони, табели, апстракт, библиографија и анекси). Препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување, коешто ги содржи следниве основни делови:

    ●     апстракт, како и назначување на областа на истражување според стандардната класификација (Journal of Economic Literature – JEL);

    ●     осврт на консултираната литература од областа којашто се истражува;

    ●     опис на методите на истражување коишто се користат во трудот;

    ●     анализа;

    ●     заклучни согледувања и

    ●     библиографија.

    Авторите имаат право да конкурираат на Конкурсот за избор на најдобар труд и со труд што веќе бил објавен, но не пред 1 јануари 2021 година. При поднесувањето на труд што веќе бил објавен, авторот треба да наведе кога и каде бил објавен истиот. 

    Трудовите се поднесуваат до Народната банка со назнака: „За Годишната награда на Народната банка на Република Северна Македонија”, по електронски пат, во „word” формат, на е-адресата: [email protected]. Покрај трудот, авторот треба да достави и биографија. Доставените трудови ќе имаат третман на материјали со доверлив карактер. Еден автор има право да поднесе само еден труд, а трудовите се поднесуваат на македонски, албански или на англиски јазик. 

    Критериуми според кои ќе се вреднуваат трудовите се:

    ●     релевантноста на истражуваното подрачје за македонскиот случај;

    ●     соодветност на освртот на литературата од анализираното подрачје;

    ●     јасност во дефинирањето на проблемот и на целите на истражувањето;

    ●     соодветност на анализата на трендовите во анализираното подрачје во Република Северна Македонија;

    ●     соодветност на користениот статистичко-економетриски пристап;

    ●     конзистентност и логичност на тезите во трудот;

    ●     заклучоци и препораки и нивна соодветност.

    Краен рок за доставување на трудовите е 1 февруари 2023 година.

     

    Наградата е во парична форма и за првонаградениот труд изнесува 100.000 денари, додека втората награда изнесува 50 000 денари.

    Конкурсот е објавен на веб-страницата на Народната банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично