ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ќе започне со исплата на пензиите на 28-ми март

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка АД Скопје на 28-ми март ќе започне со предвремена исплата на пензиите за март 2020 година. Пензионерите кои пензијата ја примаат во Комерцијална банка и имаат активна дебитна картичка, пензијата за март 2020 ќе ја добијат на 28 март.

    За да се избегнат гужви и блиски контакти, од Банката АПЕЛИРААТ пензионерите кои имаат дебитна картичка или користат Интернет банкарство своите финансиски потреби да ги вршат преку плаќање со картичка, преку банкоматите и Интернет банката на Комерцијална банка, односно максимално да избегнуваат посета на шалтерите.

    Со цел да се зачува здравјето на најранливата категорија граѓани, пензионерите кои пензијата за март ќе ја подигнат на шалтерите на Банката, ќе може да ја добијат согласно следниот распоред:

    • клиенти со пензија до 12.000 денари на 28 март (сабота) и 30 март (понеделник)
    • клиенти со пензија од 12.001 до 15.000 денари на 31 март (вторник)
    • клиенти со пензија од 15.001 до 19.500 денари на 1 април (среда)
    • клиенти со пензија над 19.500 денари на 2 април (четврток)

    Со цел да се минимизира ризикот од ширење на Коронавирусот, Комерцијална банка НАЈСИЛНО АПЕЛИРА ДА СЕ ПОЧИТУВА ГОРЕНАВЕДЕНИОТ РАСПОРЕД.

    Во интерес на нивното здравје, од Банката им препорачуваат на пензионерите кои немаат дебитна картичка или Интернет банка при првата нивна посета на Комерцијална банка да ги побараат овие услуги/производи со цел да ја намалат потребата од посета на банка.

    Исто така, за да се избегне доаѓање на шалтерите во следниот период, пензионерите ќе можат преку брза и поедноставена постапка и без надомест да отворат и траен налог за навремено плаќање на нивните сметки за јавните услуги. За да ја добијат оваа услуга доволно ќе биде при нивното доаѓање на шалтер да ги донесат сметките за јавни услуги (струја, парно, вода, телефон).

    При посетите на шалтерите, Банката Ве замолува да ги почитувате правилата за влез и држење растојание, согласно препораките на надлежните здравствени институции. Влезот ќе биде ограничен и соодветен на бројот на шалтерите-благајни, а пропишаното растојание е најмалку 2 метри во редот и помеѓу редовите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично