ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ја награди добитничката на „Роман на годината“ за 2021 година

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка ја имаше честа по петти пат да го награди лауреатот на „Роман на годината“ со парична награда од 150.000 денари. Добитник на наградата „Роман на годината“ за 2021 година е Симона Јованоска за нејзиното дело „Денот на црвот“ во издание на „Или – или“.

    На авторката ѝ честитаме за наградата и, пред сѐ, за нејзиното дело кое претставува уште едно збогатување на домашното литературно творештво. Комерцијална банка е горда на својата поддршка како Генерален покровител на наградата „Роман на годината“, за која обезбедува 150.000 денари за добитникот и паричен надоместок во износ од 183.000 денари за членовите на жири комисијата.

    Оваа значајна награда за домашното културно творештво ја доделува Фондацијата за промоција и унапредување на културата „Славко Јаневски“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично