Како еден од лидерите во понудата на дигитални финансиски услуги и во развојот на услугата електронска трговија во земјава, Комерцијална банка со задоволство ја спонзорираше четвртата годишна конференција на тема „Ecommerce: Ready. Set. Grow!“, која ја организираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.
Во присуство на неколку стотини учесници на конференцијата, претставникот на Комерцијална банка, Киро Чадиковски, директор на Дирекцијата за банкарски картички и трансакциски сметки, сподели значајно искуство и совети за предностите и функционалностите на електронската трговија, која им овозможува на бизнисите да станат достапни за сите заинтересирани купувачи, од целиот свет и во секое време. Комерцијална банка секогаш ги препознава новите потреби на своите клиенти и преку континуирани инвестиции во производите и услугите што ги нуди им помага да остварат раст и развој на бизнисите.