ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со бесплатни налози преку Интернет банка и мБанка

    Време зa читање: 3 минути

    Во периодот од 16.03.2020 до 15.04.2020 сите денарски налози за физички лица пуштени кон резиденти преку Интернет банка и мБанка на Комерцијална банка АД Скопје ќе бидат бесплатни.

    Мерката се воведува со цел корисниците да бидат насочени кон користење на алтернативните канали и максимално да избегнуваат посета на експозитурите, согласно насоките од Владата за спречување на ширењето на Ковид-19 (корона вирусот).

    Широкиот спектар услуги преку бесплатните веб и мобилни апликации Интернет банка и мБанка се достапни 24 часа на ден преку вашиот компјутер или мобилен телефон од кое било место на кое имате пристап до Интернет.

    Интернет банка ви овозможува брзо и ефикасно извршување дигитално потпишани финансиски трансакции; плаќање јавни услуги и вршење други денарски плаќања во земјата; онлајн аплицирање за готовински кредити, увид во состојба на одобрени кредити, поднесување налози за девизни плаќања во странство; купопродажба на девизи (безготовински); пренос на средства на орочен штеден влог и штеден влог по видување и тоа: на веќе отворени девизни штедни книшки на корисникот и на веќе отворени денарски штедни книшки за кои корисникот има овластување за увид; увид во состојбата и дневните промени на Вашите денарски и девизни сметки, штедни влогови, платежни картички и кредитни партии; увид во состoјба и подигање изводи за деловните Mastercard® и Visa картички; подигање изводи за денарски и девизни сметки и платежни картички, како и промена на дневни и месечни  лимити на платежни картички и кориснички лимити на мБанка (дневен, по трансакција и месечен).

    мБанка овозможува лесен и безбеден пристап до голем дел од услугите за физички лица на Комерцијална банка – увид во состојбата и прометот на трансакциските сметки (денарски и девизни); онлајн аплицирање за готовински кредити, увид во состојба на одобрени кредити; увид во состојбата и прометот на кредитните картички; увид во состојбата и прометот на штедните влогови (денарски и девизни); увид во состојбата на одобрени кредити; плаќање сметки и трансфер на средства од денарска трансакциска сметка кон други сметки, без трошоци до 15.04.2020; промена на дневните и месечните лимити на дебитни и кредитни картички; бесплатни известувања за приливите и одливите од трансакциските сметки и картички; наоѓање најблизок банкомат или експозитура, како и патека до истите; информации за девизни курсеви; кредитен калкулатор, штеден калкулатор и калкулатор за купопродажба на девизи; информации и новини за производите и услугите на Банката наменети за физички лица; можност за проба со опцијата демо корисник и др.

    Користете ги бесплатно овие апликации на Комерцијална банка за да се заштитите себеси, со што ќе го заштитите и здравјето на другите. Сите потребни информации за Интернет банка и мБанка се достапни на веб страната www.kb.com.mk, профилите на Банката на социјалните мрежи и на контакт-центарот (02) 3296 800.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично