Комерцијална банка произведе 100 MWh електрична енергија со сопствен фотоволтаичен систем, со што за три години спречи емисија на 56 тони CO2 во атмосферата.
,,Со овој „зелен“ проект Банката дава свој значаен придонес во заштитата на животната средина, што претставува императив на гобално ниво и како таков е дел од стратегијата за општествена одговорност на Комерцијална банка”, велат од банката.
Фотоволтаичниот систем за производство на електрична енергија е инсталиран во декември 2018 година на површина од 130 м2 на покривот на деловниот објект на Комерцијална банка во центарот на Скопје. Годишно овој систем произведува 33 MWh електрична енергија и заштедува 18,7 тони CO2, кои би завршиле во атмосферата доколку оваа количина на електрична енергија се произведува од термоцентрала, а дополнително ја штити животната средина и од загадување со ПМ честици, сулфурен-диоксид и чад.