ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка по 13. пат избрана од „Global Finance“ за најдобра FX банка

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка по 13. пат е прогласена за „Најдобра FX банка во Македонија“ од угледниот меѓународен магазин „Global Finance“ затоа што на клиентите им обезбедува ефикасен начин и алатки за справување со волатилноста на валутите.

    Угледниот финансиски магазин, со седиште во Њујорк, ја награди Комерцијална банка за најдобар давател на услуги од областа на девизните пазари во Република Македонија за 2024 година. Комерцијална банка повторно е во елитното друштво на банки од 87 земји во светот, чиј избор за „Најдобра FX банка“ е направен врз основа на повеќе критериуми: големина на трансакции, пазарно учество, обем на глобална покриеност, услуга кон клиентите, конкурентни цени и користење иновативни технологии.

    „Соочени со невидена нестабилност на валутите, компаниите и институционалните инвеститори бараат од нивните банки да им помогнат да управуваат со волатилните ризици и да ги заштитат средствата. Годинашните победници инвестираа многу за да ја зголемат понудата на услуги и производи во доменот на девизниот пазар и да обезбедат иновативни FX алатки за своите клиенти“, изјави Џозеф Д. Џиарапуто, основач и уреднички директор на „Global Finance“.

    Годинашните награди од „Global Finance“ се доделуваат 24-та година по ред, повторно во чест на Гордон Плат, кој со години беше главниот носител на програмата за доделување награди за најуспешно работење во доменот на тргување со финансиски инструменти во голем број земји во светот.

    Услугите на девизниот пазар се дел од работењето на Комерцијална банка на кое сме особено горди и, во исто време, посветени со цел постојана квалитетна понуда и развој на нови алатки кои на клиентите ќе им обезбедат успешно реализирање на целите и потребите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично