Комерцијална банка изврши промена на тарифата на надоместоци за услугите што ги врши за валута швајцарски франци (CHF), при што дел од надоместоците се целосно укинати, а дел намалени.
Банката ги укина надоместокот за водење девизни платежни сметки во швајцарски франци и провизијата при уплата на готовина во швајцарски франци.
Намалени се провизиите за исплата на готовина во швајцарски франци за резиденти од 0,50 % на 0,10 % по поединечен налог, при што сега изнесуваат минимум 30 денари, а максимум 500 денари. Провизиите за исплата на готовина во швајцарски франци за нерезиденти се намалени од 0,50 % на 0,30 % по поединечен налог и изнесуваат минимум 250 денари, а максимум 6.000 денари.
Повеќе информации за платежните услуги што ви ги овозможува Комерцијална банка за вршење девизни трансакции може да добиете на следниот линк: https://kb.mk/devizni-smetki.nspx.