Комерцијална банка ја одбрала компанијата Грант Торнтон за друштво на ревизија на банката, и од тие причини Марјан Андонов повеќе нема да биде член на Одборот за ревизија на банката, бидејќи тој е овластен ревизор во ревизорското друштво.
Комерцијална банка преку ценовно чувствителна информација на Берзата известува:
,,Комерцијална банка АД Скопје на 02.09.2022 година одржа Собрание на акционери на кое акционерите, кои поседуваат 52,5 % од акциите со право на глас, донесоа Одлука со која Друштвото за ревизија Грант Торнтон ДОО Скопје се определува за друштво за ревизија на годишните финансиски извештаи на Комерцијална банка АД Скопје за периодот 2022 – 2026 година.
Истовремено, Банката известува дека Марјан Андонов, Член на Одборот за ревизија на Комерцијална банка АД Скопје, поднесе оставка од функцијата, поради постоење судир на интереси, односно неспоивост на вршењето на функцијата – Член на Одбор за ревизија на Комерцијална банка АД Скопје и функцијата – Партнер и овластен Ревизор во Грант Торнтон ДОО Скопје”, стои во соопштението банката објавено на Берза.