Комерцијална банка АД Скопје ќе започне со исплата на мајските пензии од понеделник, 30.05.2022 година. Пензионерите кои имаат активна дебитна картичка со својата пензија ќе може да располагаат од понеделник и ќе може да ја подигнат на банкомат или да ја користат за безготовинско плаќање низ трговската мрежа, информираат од Банката.
Исплатата на пензионерите кои не користат платежни картички ќе биде организирана во четири групи, според висината на пензијата, согласно следниот распоред:
- Понеделник, 30.05.2022 година, исплата на пензии до 11.000 денари,
- Вторник, 31.05.2022 година, исплата на пензии од 11.001 до 14.000 денари,
- Среда, 01.06.2022 година, исплата на пензии од 14.001 до 18.000 денари,
- Четврток, 02.06.2022 година, исплата на пензии над 18.000 денари.
За да се избегнат редиците и да се заштити здравјето од вирусот Covid-19 на сите корисници на банкарски услуги, при посетата на филијалите и експозитурите на Комерцијална банка строго да се почитува наведениот распоред, да се држи пропишаното минимално растојание и да се врши дезинфекција на рацете, апелираат од Банката.