ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка го одложува Собранието на акционери

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје преку објава на својата веб страна ги извести своите акционери дека закажаното Собрание на акционери на Банката се одложува за време на траењето на вонредната состојба.

    Врз основа на Уредба со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба донесена од страна на Владата на Република Северна Македонија (Сл.весник на РСМ бр.79/2020), одржувањето на Собранието на Банката, закажано за 02.04.2020 година, се одложува за време на траењето на вонредната состојба. Исто така, известуваме дека врз основа на препораките на Комисијата за хартии од вредност на РСМ за учество и гласање на Собранието по пат на писмена кореспонденција, заклучно со 27.03.2020 година, 52,92% од акционерите гласале за предложените одлуки од Дневниот ред на Собранието. По завршување на вонредната состојба Комерцијална банка АД Скопје ќе објави нов датум на одржување односно продолжување на закажаното Годишно собрание.” – се вели во објавата од страна на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично