ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка: Внимавај на обиди за злоупотреба на картички со СМС и e-mail пораки од лажна веб-страница

    Време зa читање: 2 минути

    Заштити ги твоите платежни картички од можна злоупотреба и не кликај на линк добиен преку СМС или e-mail порака за наводна „погрешна адреса“ или „вратена пратка“.

    Комерцијална банка предупредува дека е забележана измамничка кампања, зад која стои лажна веб-страница која се испраќа преку СМС и e-mail пораки со цел злоупотреба на финансиски податоци.

    Со цел да се заштитиш до злоупотреба, не кликај на линкот во пораката и воопшто не споделувај податоци од картичката на сомнителни страни. Ние ти обезбедуваме сигурни плаќања со безбедносниот процес 3DES, што го имаат сите Mastercard и Visa картички на Комерцијална банка.

    Како да извршиш безбедно онлајн купување?

    • Провери дали називот на трговецот и износот во СМС пораката се совпаѓаат со називот содржан во адресата на страната каде се врши плаќањето (URL),
    • Ако податоците се идентични, внеси го кодот во прозорецот што се отвора на интернет-страницата и го содржи истото име на трговец како она во СМС пораката,
    • Кликни Испрати и почекај потврда за (не)успешно реализирана трансакција.
    • Доколку се сомневаш во можна злоупотреба на твојата картичка, веднаш треба да ја блокираш или да ги намалиш лимитите за нејзино користење преку м-БанкаИнтернет банка или со јавување на телефонскиот број (+389 2) 3247-474, кој е достапен 24/7.

     

    Повеќе совети за безбедно користење на картичките дознај на следниот линк: https://kb.mk/soveti-karticki.nspx

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично