Македонија како да крена раце од продлабочување на односите со Соединетите Американски Држави, вели Мето Колоски од Обединета македонска дијаспора кој гостуваше во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“. Тој потсети дека четири години немавме амбасадор во Вашингтон и дека во моментов, бројот на вработени во дипломатското претставништво е далеку од потребниот број за да се наметнат интересите на Македонија кај идната администрација која ќе се формира после изборите на 05.ноември.
„ОМД (Обединета македонска дијаспора) во некој вид во последниве 10 години игра де факто како министерство за надворешни работи на Македонија иако тоа не е нашата работа. Кога Буш беше претседател тогаш имаше, да, Македонци кои работеа во Белата Куќа, но македонската амбасада имаше мислам седум или осум луѓе вработени. Мислам дека темпото се држеше до некаде до НАТО, после тоа се намали, а имаше и период кога Македонија немаше амбасадор четири години. Замисли, Македонија немаше амбасадор во најклучната земја во светот и како тоа за мене, како Американец со македонско потекло изгледа.“
Премиерата е секој четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.