Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за мај 2021 година, каде може да се забележи дека вкупниот промет
Од истиот може да забележиме дека акциите на Комерцијална банка се најатрактивни воедно и најтргувани на берзата во месец мај 2021 година, со промет од 176.797.056 денари или 2.872.132 евра.
Количински се истргуваа 20.796 акции, по просечна цена од 8.549,83 денар.
На второ место се акциите на Алкалоид Скопје со промет од 57.338.000 денари или 931.659 евра. Во 198 трансакции, истргувани се вкупно 3.717 акции на Алкалоид Скопје, по просечна цена од 15.379,77 денари по акција.
Во топ три, на трето место со промет од 31.151.100 денари или 506.057 евра се акциите на Макпетрол Скопје, каде во месец март количински се истргувани 422 акции, по просечна цена од 73.644,31 денари по акција.
На овие три акции во месец мај се сврте промет од 4.309.848 евра.