ПОВЕЌЕ

    КОЛКАВА ДОБИВКА оствари Скопски Пазар за само три месеци од 2022?

    Време зa читање: 3 минути

    Скопски Пазар АД Скопје за периодот Јануари – Март 2022 година оствари позитивен финансиски резултат искажан во неревидиран и неконсолидиран Биланс на успех.

    Сметководствена политика и методи на вреднување

    Градежните објекти кои се состојат од магацински и деловен простор, дадени под оперативен наем се класифицирани во недвижности за изнајмување по пат на пренос, согласно нивната пренамена. По првичното признавање како недвижности за изнајмување, овие средства се признаени по нивните објективни вредности, кои претставуваат пазарни вредности, утврдени од страна на надворешни проценители со соодветно искуство. Разликата помеѓу претходно евидентираната вредност и објективната вредност се третира во согласност со МСС 16 како ревалоризациона резерва во рамките на капиталот на Друштвото. Последователното мерење на градежните објекти (магацински и деловен простор) кои се издаваат под оперативен наем, кои се иницијално признаени по моделот на објективна вредност, се врши со повторна проценка на нивната објективна вредност на секој датум на билансирање. Добивката или загубата која произлегува од промената на објективната вредност се признава во добивката или загубата во периодот во кој настанала согласно МСС 40.

    Остварени вкупни приходи во периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 75.105 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 4%. Вкупните приходи се од тековното редовно работење на компанијата. Скопски Пазар АД Скопје за периодот Јануари – Март 2022 година оствари добивка од 7.395 илјади денари, што преставува намалување од 63% во однос на истиот период од минатата година.

    Вкупните расходи за периодот Јануари – Март 2022 година изнесуваат 67.710 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување од 30%. Зголемувањето на вкупните расходи се должи на зголемување на оперативните расходи.

    Дивиденда

    За распределба на остварената добивка за 2021 година ќе се одлучува согласно предложените одлуки на претстојното Годишно собрание на акционери закажано за 31.05.2022 година.

    Во 2022 година е продолжено со имплементирање на планираните инвестиции во објектите со кои стопанисува Друштвото..

    Светската пандемија со Ковид-19 има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија. Со оглед на тоа дека основната дејност на Скопски пазар АД Скопје е издавање и управување со сопствен недвижен имот, а објектите што се даваат под наем се користат од компании погодени од економската криза, се очекува стагнација на приходите и потешкотии во наплатата на побарувањата во оваа година. Компанијата презеде низа мерки кои би го одржувале нивото на ликвидност со цел непречено одвивање на оперативните активности на компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично