Акциите на кинескиот технолошки гигант Alibaba на Хонгкошката берза забележаа уште еден одличен ден на тргување по огромниот успех кој го постигнаа во вторникот.
Акциите на Alibaba во Хонг Конг денес се зголемија за дополнителни 2,99 проценти, по скокот од 6,6 проценти во вторникот, објави CNBC.
„Инвеститорите се подготвуваат за нив. Со интерес го гледам растот од 10 проценти во последните два дена од тргувањето“, изјави Џејмс Гериш, портфолио менаџер во компанијата Shaw and Partners.
Секундарното тргување на Alibaba во Хонг Конг стана најголемата иницијална јавна понуда во светот, поголема од околу осумте милијарди долари на Uber што ги собра во мај. Сепак, се проценува дека Saudi Aramco ќе ја преземе титулата од Alibaba на планираната иницијална понуда во декември.
Извор: Bankar.rs