ПОВЕЌЕ

    Кина ја надмина Америка по вкупно богатство

    Време зa читање: 2 минути

    Богатството на Кина драстично се зголемило во последните две децении и се зголемило дури 17 пати, од седум трилиони (илјада милијарди) во 2000 година, на 120 трилиони долари во 2020 година, покажува анализата на познатата консултантска компанија „Мекинси и Ко“, пренесува „Блумберг“.

    Вкупното светско богатство се зголемило од 160 трилиони во 2000 година на 514 трилиони долари во 2020 година, објави меѓународната консултантска компанија.

    Извештајот анализира 10 земји во светот кои поседуваат вкупно 60 отсто од светскиот бруто домашен производ, а тоа се Австралија, Канада, Кина, Франција, Германија, Јапонија, Мексико, Шведска, Велика Британија и САД, пренесува Блиц.

    Кога станува збор за подемот на Кина, тој беше забрзан со влезот на земјата во Светската трговска организација во 2000 година, според аналитичарите на McKinsey.

    Соединетите Американски Држави, кои и го дадоа првото место на Кина, го удвоија своето национално богатство во последните 10 години, а сега изнесува 90 трилиони.

    И во Кина и во САД, повеќе од две третини од богатството е во рацете на 10 отсто од најбогатите семејства, се наведува во извештајот.

    Околу 68 отсто од светското богатство е во недвижности, наведува „Меккинзи“, и додава дека историската врска меѓу растот на бруто домашниот производ и растот на богатството веќе не важи, бидејќи растот на богатството го надминал раст на БДП.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично