ПОВЕЌЕ

    КБ Инвест го надмина нивото од 10 милијарди денари – Што добиваат инвеститорите?

    Време зa читање: 3 минути

    КБ Инвест, како водечко друштво за управување со инвестициски фондови во земјава, го надмина значајниот праг од 10 милијарди денари средства под управување. Овој висок резултат, достигнат на 25 ноември, претставува не само успех за Друштвото, туку и сигнал за растечката доверба на домашните инвеститори во професионалното управување со нивните средства.

    Надминувањето на скалилото од 10 милијарди денари ја зацврстува позицијата на КБ Инвест како партнер за одговорно инвестирање, а инвеститорите преку фондовите со различни нивоа на ризик и принос, имаат избор на стратегија соодветна на нивните можности и очекувања.

    Иако пазарот на инвестициски фондови во Македонија сè уште е значително помал во споредба со европските па и со регионалните стандарди, трендовите укажуваат на споро, постепено, но и стабилно активирање на населението. Според податоците на големината на средствата под управување на домашните инвестициски фондови, сè поголем број граѓани ја препознаваат улогата на фондовите како инструмент кој овозможува долгорочно и диверзифицирано инвестирање.

    Какви фондови нуди КБ Инвест и што ги разликува?

    Во портфолиото на КБ Инвест има 6 различни инвестициски фондови кои се креирани да ги задоволат барањата и на најпребирливите инвеститори. Тргнувајќи од најконзервативните Паричен и Обврзници, преку Балансиран кој е комбинација на акции и обврзници, па до чисто акциските МБИ 10, Акции и Златен фонд, КБ Инвест нуди лепеза на алатки кои обезбедуваат заштита на капиталот и негово оплодување.

    Акциските фондови, првенствено Акции и Златен фонд, годинава направија значителен принос, кој кај Златен фонд се движи до извонредни 105,09 насто од почеток на годината, додека фондот Акции бележи солидни 20,58 насто. Фондот МБИ 10 годинава е во лесна стагнација и бележи само 2,76 насто од почеток на годинава, откако ланската година ја заврши со принос од високи 59,52 насто. Сите овие податоци се со пресек од 27 ноември.

    Средствата од МБИ 10 фондот се вложени во акциите на 10-те најдобри и најликвидни компании кои го сочинуваат МБИ 10 индексот на Македонска берза, додека фондот Акции вложува во познати и силни глобални компании со широка географска диверзификација во сектори како банкарство, ИТ, фармација, базични материјали, нафтена индустрија, телекомуникации итн.

    Од друга страна, фондот Златен кој годинава направи историски принос, вложува во акции на компании кои произведуваат злато и други благородни метали лоцирани во Канада, САД, Австралија, ЈАР, Обединетото кралство и други.

    За пошироката јавност, достигнувањето на 10 милијарди денари средства под управување значи дека домашните инвеститори сè повеќе го препознаваат потенцијалот на инвестирање кое е диверзифициранo и професионално управувано.

    Кратка историја за инвестициските фондовите и каде сме денес

    Инвестициските фондови имаат историја подолга од еден век. Првиот модерен фонд се појавил во САД во 1924 година, а до 1970-тите станал еден од столбовите на американското штедење и основа за развој на пензискиот систем. Денес, глобално, во фондови се вложени над 60 трилиони долари.

    Во регионот, фондовите почнаа да се развиваат по 2000 година, паралелно со либерализацијата на финансиските пазари. Хрватска, Словенија, делумно и Србија веќе имаат многу подлабоко продирање во овој тип на инвестирање. Македонија го следи истиот пат, но малку побавно — главно поради пониско ниво на финансиска писменост и конзервативни навики на штедење. Сепак, трендот во последните години покажува постепено приближување до регионалните стандарди.

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично