ПОВЕЌЕ

    КАПИТАЛ БАНКА ВРАБОТУВА: Овластено лице за спречување на перење пари и финансирање тероризам

    Време зa читање: 2 минути

    Капитал Банка АД Скопје има потреба од ангажирање на лице за позицијата –  Овластено лице за спречување на перење пари и финансирање тероризам

    Одговорности и задачи:

    • Следење на прописите и најдобрата пракса во смисла на усогласеност на работењето со позитивните законски прописи и следење на новините во прописите и меѓународните стандарди за спречување перење пари и финансирање на тероризмот;
    • Советување на органите на управување за мерките коишто треба да бидат преземени заради почитување на прописите од областа на спречувањето на перењето пари и финансирањето на тероризмот, вклучувајќи и следење на сите измени и дополнувања на овие прописи;
    • Воспоставување и унапредување на процедурите и постапките предвидени во Програмата за преземање на мерки и дејствија за откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризам ;
    • Имплементација на ефективна контрола за да се обезбеди потполна усогласеност со меѓународните и локалните прописи, како и со интерните процедури и политики на Банката;
    • Документирање на своето работење и  доставување на редовни извештаи до Управниот одбор и Надзорниот одбор на Банката;
    • Анализа на ризиците од перење пари и финансирање на тероризмот согласно  интерните акти, вклучувајки ги и сите критериуми за ризично профилирање;
    • Прибирање на сите невообичаени трансакции доставени од разните организациски делови  во Банката, анализа, писмени извештаи и одлучување дали тие трансакции имаат карактеристики на сомнителна трансакција, односно донесување на одлука за нивно (не)пријавување во Управата за финансиско разузнавање;
    • Комуникација со УФР.

    Потребни квалификации:

    • Универзитетска диплома
    • Пожелно е 4-5 годишно работно искуство
    • Флексибилен и проактивен пристап со желба да се постигнат резултати во брза динамична средина
    • Силна етика
    • Напредно познавање на Office пакетот
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично