ПОВЕЌЕ

    Како ФинТек ќе одговори на генерациската промена?

    Време зa читање: 2 минути

    Социјалните и технолошките промени влијаат врз начинот на кој ФинТек компаниите ги подобруваат финансиските услуги и ги промовираат своите решенија.

    Во следните 10 до 15 години, огромен број на финансиски ресурси ќе преминат од една генерацијата во друга. Ова ќе го смени моделот на услугите коишто се очекуват да бидат користени во иднина.

    Самиот мултигенерациски трансфер на „богатство“ ќе претставува вистински предизвик за секој учесник на финансискиот пазар да се прилагоди на дигиталните очекувања на новата генерација.

    Милениумската генерација (оние родени меѓу 1982 и 2004 година) имаат фундаментална недоверба во големите финансиски институции. Овој недостаток на доверба, од друга страна создава нови можности на финансискиот пазар за новите ФинТек фирми.

    Преференциите на милениумската генерација стануваат сé покомплицирани. Тие бараат од технологијата да ги поедностави сите процеси во склоп на банкарските процеси. Сакаат целосно нови дигитални услуги коишто се релевантни за нивниот секојдневен живот.

    Бидејќи компаниите го откриваат начинот на кој луѓето менаџираат со своите финансиски средства, ФинТек компаниите сé побрзо и поефикасно ќе можат да им пружат нови услуги на новите генерации.

    Причината поради која на финансискиот пазар има толку многу начини на плаќање е тоа што новите генерации им веруваат на интернет (ИТ) компаниите предводени од технолошките процеси. Во денешно време, постојат дигитални паричници како Apple Pay, Google Wallet, Square и PayPal. Square користи процесор за наплата што се вградува на мобилниот уред.

    Показателите кои навестуваат дека ФинТек компаниите ќе ги нарушат постојните финансиски модели и поголемите финансиски корпорации, се присутни во индустријата во сè поголема мера. Моментално, мнозинството од ФинТек компании претставуваат стартапи коишто нудат иновативни решенија поткрепени од модерната технологија, но во блиска иднина се очекува тоа да се смени. Секако дека и големите играчи на финансискиот пазар нема да си дозволат да останат пасивни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично