ПОВЕЌЕ

    Како се изразува нивото на доверба на блокчејн технологијата?

    Време зa читање: 2 минути

    Голем број на претпријатија, сакаат лесно да вршат секакви плаќања без никаква надворешна контрола. Посредувачките надворешни институции ги сметаат само како непотребен трет играч кој, прашање на време е, кога ќе се елиминира. Благодарение на развојот на blockchain технологијата, за некои компании, тоа станува реалност.

    Првата валута на блокчејн беше биткоин. Луѓето кои прво започнаа да ја присвојуваат оваа валута беа убедени деке тоа е најдобриот начин на пренос на финансиска вредност, од една до друга точка без никаква надворешна контрола.

    Главниот недостаток на ова е, можноста отворено да се гледаат сите трансакции. За кратко време луѓето најдоа начин да го откријат идентитетот на секоја трансакција. Ова е голема пречка што стои на патот и не дозволува огромните компаниите да ја присвојат оваа технологија, со оглед на тоа што приватноста на нивните корисници е исклучтелно важна.

    Прашањето е, како е изразено нивото на доверба на блокчејн технологијата? Тоа може да се изрази преку два едноставни фактори: Математика и електрична енергија. Тоа што е битно за јавноста да сфати е дека, корисниците на биткоин и блокчејн технологија, нема никогаш да бидат толку јасно поделени. Секогаш ќе има сива зона. Нивото на доверба секогаш ќе зависи од тоа кој продава кому, и која е целта која треба да се постигне.

    Големите корпорации се учат да користат така-нарачен, “permission-based blockchain technology” која што ќе им даде можност нивните потрошувачи да бидат заштитени, и притоа, целиот процес да биде регулиран и правно поткрепен.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично