ПОВЕЌЕ

    Како настана ,,Црн петок”?! Кај нас попустите до 30 проценти, во САД и до 80 отсто

    Време зa читање: 3 минути

    Утре е “Црн петок”, денот кога потрошувачите очекуваат трговците да бидат подарежливи околу цената на производите. Секој ноември со нетрпение се чека „црниот петок“ со цел да се пласираат производи по пониски цени.

    Сепак, малку се размислува за фактот дека потеклото на овој „празник на попустите“ не може да се поврзе со некоја весела прослава, напротив. „Црниот петок“ е главниот ден за шопинг во годината, кој потекнува од Соединетите држави, а се слави низ целиот свет.

    Се карактеризира со подготвки денови порано за купување на стоки со големи попусти што ги нудат трговците во последниот петок во ноември.

    Некои попусти се протегаат низ целиот викенд, а некои и цел ноември. И во последно време, овој ден во Америка е честопати обележан со масовни борби, честопати придружени со употреба на оружје. Колку и да звучи чудно, луѓето во тие моменти стануваат „подготвени на сè“, за да дојдат до евтината стока.

    Сепак, кај нас е далеку поинаква ситуацијата од она што се случува во САД. Вушност попустите на производите што се нудат се многу помали од оние преку барата, каде што достигнуваат до 80 проценти па има вистински хаос по продавнициве.

    Она што нашите сопственици на продавници го нудат е попуст кој се движи најмногу околу 30 проценти, а многу ретко 50 проценти. Токму затоа и поучени од претходните години нашите потрошувачи и не се потресуваат многу на најавата за Црн петок. Сепак, како овој ден го доби своето име, постојат неколку верзии:

    Постојат неколку приказни и теории за потеклото на оваа „прослава“. Уште во 1863 година, тогашниот американски претседател Абрахам Линколн го основаше Денот на благодарноста на последниот четврток во ноември. Во тоа време, петокот по Денот на благодарноста сè уште не беше познат како „Црн петок“. Една од теориите е дека терминот првпат бил употребен на 24 септември 1869 година, како резултат на падот на американскиот пазар на злато. Финансиерите на Волстрит,  Џеј Гол и Џим Фиск, работеа заедно за да купат што повеќе злато, а потоа да ги зголемат профитите со зголемувањето на цените. Фотографијата на табла во златната соба во Њујорк, на која се гледа падот на цената на златото, го симболизира чинот. Кога заговорот на Голд и Фиск бил откриен во петок, пазарот доживеал слободен пад и сите банкротираа, од банкари на Вол Стрит до земјоделци.

    Друга популарна верзија за потеклото на „Црниот петок“ датира од 80-тите години на минатиот век. Во тоа време, трговците го користеа овој израз за да го одбележат денот кога „завршуваат во црно“, односно за да остварат профит, бидејќи луѓето трошат повеќе пари на попусти.

    Постои и теорија дека терминот потекнува од денот по Денот на благодарноста, кога трговците на робовите давале попуст.

    Можеби најшироко прифатената теорија е дека овој израз е измислен од полицијата во Филаделфија. Овој ден тие го нарекоа „Црн петок“ поради хаосот и сообраќајните проблеми следниот ден по Денот на благодарноста. Продажбата на Божиќ и Нова Година традиционално започна на тој ден, па полицијата имала најмногу работа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично