ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на Гранит за периодот што следи?

    Време зa читање: 2 минути

    Во периодот Јануари – Март 2022 година, Друштвото оствари позитивен резултат (добивка) во износ од 5,918 илјади денари, додека вкупната сеопфатна добивка изнесува 125,303 илјади денари, и е поголема од добивката пред се поради останатата сеопфатна добивка во износ од 119,385 илјади денари која произлегува како резултат на евидентирана нереализирана добивка од зголемување на пазарната вредност на портфолиото акции кои ги поседува Друштвото во 1 квартал на 2022 година.

    Какви се очекувања на менаџментот на Гранит за престојниот период?

    Светската пандемија Ковид-19 се очекува сеуште да има влијание врз светската економија, а следствено на тоа и врз македонската економија во наредниот период, како и постоечката криза во Украина со Русија и енергетска криза со значајното зголемување на цените на главните енергенси (струја, гас, нафта). Влијанијата ќе имаат ефект посебно врз зголемување на цените на одредени суровини и материјали, енергија а преку тоа и врз крајните цени на многу производи.

    Друштвото континуирано ги следи движењата во националаната, регионаланата и глобалната економија со цел да се добијат информации за полесно одлучување.

    Секторот градежништво во времето на текот на пандемијата продолжи да функционира, но во изменети и новонастанати околности. Исто така, кризата во Украина како и зголемување на цените на енергенсите и континуираниот пораст на цените на суровините, порастот на минималната плата а со тоа и пораст на сите останати плати, ке имаат влијание на пораст на трошоците на главните инпути во наредниот период.

    Друштвото ги презема сите неопходни активности за прилагодување на состојбата со здравствената криза, како и новонастаната енергетска криза со порастот на цените на енергенсите и суровините и ќе настојува да ги заврши сите предвидени активности согласно плановите за градење со инвеститорите, при што и цените на услугите и производите на Друштвото ќе се адаптираат на тековните цени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично