ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на Стопанска банка Битола за периодот што следува?

    Време зa читање: 2 минути

    Во периодот што следува, Банката очекува пролонгирање на глобалната економска неизвесност и послабо остварување на бруто-домашниот производ од проценките во претходните квартали при раст на нивото на цени во домашната економија и во светски рамки.

    Во согласност со Деловната политика, развојниот и финансискиот план, Банката и во идниот период ќе биде насочена кон стабилно и профитабилно оперативно работење со фокус на јакнење на депозитниот потенцијал и поддршка на економијата преку кредитирање бонитетни клиенти – правни и физички лица, кон понатамошно подобрување на вкупната актива преку засилени мерки и активности за наплата на нефункционални кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, како и активности поврзани со продажба на преземениот имот и контрола на трошоците. Интензивно ќе се работи и на понатамошна дигитализација на одредени процеси и активности во Банката со цел да се приспособи понудата на производи и услуги на профилот на современиот клиент, а воедно и да се следи процесот на забрзана дигитализација во земјите во развој како последица на пандемијата од ковид.

    Воедно, Банката ќе настојува да ја одржи динамиката на раст на приходните позиции во однос на динамиката на раст на расходите, што ќе создаде предуслови за профитабилно работење во согласност со планските цели

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично