КАКВИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ ЗА ПЕРИОДОТ ШТО СЛЕДИ?
Во претстојниот период се очекува да се одржи макроекономската стабилност на државата, при неизвесен деловен амбиент за реалниот сектор поврзан со нарушувањата на каналите на снабдување и пазарите на енергија.
НЛБ Банка АД Скопје и во текот на 2022 година во фокусот на своето работење ќе ја има засилената дигитализација и зголемување на дигиталната пенетрација на клиентите, засилување на улогата на контакт-центарот при поддршка на клиентите и при продажба на различни банкарски производи, проширување на палетата на производи и услуги и зголемување на квалитетот на услугите со што се очекуваат уште подобри резултати во клучните сегменти од работењето на Банката.
Што се однесува до сегментот на стопанството, во кредитирањето фокусот ќе биде насочен кон т.н. „зелени кредити“ – кредитирање во области за производство на електрична енергија од обновливи извори, намалување на загадувањето и унапредување на животната средина, како и проширување на понудата за стартап- 3 компаниите, учество во раните фази од процесот на создавање на стартап-компаниите, како и нивна дигитализација.
Истовремено, Банката ќе се стреми кон одржување или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.