
Услугата за второ медицинско мислење, која со години претставува стандардна пракса во европските земји, отсега станува достапна и за сите наши граѓани како дополнителен бенефит во рамки на осигурувањето „Ризико Плус“ за кредитокорисниците на Иуте Македонија.
Истата се нуди во партнерство со Друштвото за животно осигурување СИГАЛ Лајф АД Скопје и претставува надградба на основниот пакет, обезбедувајќи им на клиентите уште поголема сигурност и сеопфатна заштита.
Со оваа услуга клиентите ќе добијат дополнителна сигурност кога здравјето е најважно, односно:
- Потврда или ревизија на постоечка дијагноза;
- Стручна проценка на предложениот план за лекување од независни врвни медицински експерти;
- Препорака за алтернативни и поефикасни терапии;
- Мир и сигурност при носење важни здравствени одлуки.
Проектот e реализиран во соработка со MediGuide – светски признаен лидер за “Second Medical Opinion”, со повеќе од 25 години искуство и широка мрежа на водечки медицински центри ширум светот, во партнерство со СИГАЛ Лајф Осигурување, осигурително-брокерско друштво Иуте Сафе АД Скопје и Iute Affinity – интернационална платформа за дигитални и иновативни осигурителни решенија, дел од Iute Group, која ги поврзува најдобрите светски практики со локалните пазари.
Услугата е без ограничувања на возраст, без период на чекање и со можност за повеќекратно користење – токму како што е воспоставена и во најразвиените европски здравствени системи.
Второто медицинско мислење е целосно дигитална услуга, базирана на дигитален, едноставен и транспарентен – без административни бариери и без дополнителен стрес за клиентите, директно од удобноста на домот.
Поднесувањето на барањето, доставата на медицинска документација и комуникацијата се реализираат преку современа дигитална платформа iuteAffinityPortal, а потоа случајот го презема глобалниот провајдер MediGuide, кој понатаму го споделува до соодветни светски медицински специјалити, во зависност од дијагнозата.
Со Второто медицинско мислење, Иуте Македонија, заедно со СИГАЛ Лајф Осигурување, поставуваат нов стандард и целосно нов пристап кон здравствената и финансиската сигурност, покажувајќи како изгледа одговорна, современа и човечки ориентирана финансиска услуга.
Ова е јасна порака дека модерното кредитирање не се мери само во услови и каматни стапки, туку и во вистинска грижа за животот, здравјето и иднината на клиентите.
Проектот претставува спој на глобална медицинска експертиза, дигитална технологија и осигурителна заштита — ретка и исклучително важна новина за македонските граѓани.
Целата процедура, услови на користење и начин на активирање на услугата се достапни тука.
Аналитика








