ПОВЕЌЕ

    Италија забрани плаќање во готовина над 1.000 евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Италија одлучи да ја намали вредноста за готовински плаќања од 2.000 на 1.000 евра. Од 1 јануари земјава повеќе нема да може да плаќа во готово сума поголема од 1.000 евра.

    Сите суми поголеми од 1.000 евра ќе треба да се платат со дебитна картичка, кредитна картичка, со чекови или преку сметка.

    Кој ќе ја прекрши оваа одлука ќе биде казнет со најмалку 2.000 евра, а казната може да достигне и до 50.000 евра.

    Оваа мерка треба да придонесе за сузбивање на сивата економија и даночното затајување.

    Намалувањето на износот што треба да се плати во готово беше критикувано од либералните политичари, заштитниците на потрошувачите и податоците.

    Владата на премиерот Марио Драги сака да ги поттикне електронските платежни системи во борбата против сивата економија, даночното затајување и перењето пари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично