Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2021 година, изнесува 43 509 денари
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година, изнесува 105.8.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите:
- Стручни, научни и технички дејности (13.6 %),
- Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11.8 %) и
- Информации и комуникации (11.6 %).
Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите:
- Дејности во врска со недвижен имот (3.9 %),
- Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.7 %) и
- Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2.9 %).